БОРИС ЏОНСОН ЈА ПРИЗНА ГРЕШКАТА Виновен сум што бев на забава со 100 луѓе за време на карантинот! (ВИДЕО)

Премиерот одби да ги негира извештаите дека тој и неговата сопруга Кери Џонсон присуствувале на настанот. Тој рече дека нема да коментира повеќе, бидејќи истрагата за забавите на Даунинг стрит е во тек.

988

Британскиот премиер Борис Џонсон се извини за присуството на собирот во градината на Даунинг стрит на 20 мај 2020 година, кога на Британците им беше забрането да се собираат како мерка на строги ограничувања поради кронавирусот.

На почетокот на неделната сесија Џонсон рече дека присуствувал на собирот 25 минути пред да дојде на работа.






Ова се случило додека Велика Британија беше во строг „локдаун“ во борбата против ширењето на ковид-19. Во тоа време, на луѓето во Англија им беше забрането да се среќаваат со повеќе луѓе на отворено, за што им беа пропишани законски казни. За официјалните работни места, официјалните упатства беа дека состаноците во живо треба да се одржуваат само ако тоа е „апсолутно неопходно“, пренесува Си-Ен-Ен.

Џонсон одби да ги негира извештаите дека тој и неговата сопруга Кери Џонсон присуствувале на настанот. Тој рече дека нема да коментира повеќе, бидејќи истрагата за забавите на Даунинг стрит е во тек.

– Гледајќи наназад, требаше да вратам сè внатре. Требаше да најдам друг начин да им се заблагодарам – изјавил Џонсон пред пратениците на британскиот парламент.

 

Поврзани содржини