Популарниот хрватски кантавтор Борис Новковиќ (53) вчерашниот ден ќе го запише како еден од најубавите во животот, затоа што неговата партнерка, студентката по моден дизајн и „Најсекси Хрватка“ во 2016 година, Ирис Волф, му роди син.
Хрватскиот „Тпортал“ дознава дека момчето е родено во вторникот напладне во загрепската болница „Меркур“ со царски рез.
– Како и секој пат кога станував татко, така и овој ден ми е еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина во најдобар ред со мајката и бебето и одвај чекам да дојдат дома – рекол Борис Новковиќ за „Тпортал“.
Да потсетиме, кантавторот и манекенката во април 2019 година станаа родители на ќерката Си.
– Ирис и јас заедно избравме име. Корените се од хебрејски, па дури и во Кина постои името. Направивме изведенка од нашите имиња Ирис и Борис – го раскажал тогаш „процесот“ за избор на името.
Нивната љубовна приказна започна пред две години, а јавноста дозна за тоа кога се појавија заедно на загрепската премиера на документарниот филм „Огнени“. Познатиот пејач и неговата девојка накратко се разделија минатата година, но не се разведоа.
Иако не живееја на иста адреса, Борис и Ирис сепак останаа во добри односи, но кризата беше минлива бидејќи љубовта победи. И како круна на љубовта, пристигна малото момче чие име сè уште не е познато.
Музичарот од бракот со Луција Матиќ има два сина, десетгодишниот Ноа и седумгодишниот Боно.
ФОТО: Инстаграм