Борел: Се надевам дека вакцината „Спутник V“ ќе се користи во ЕУ

За време на неговата посета на Москва, Борел рече дека „Спутник V“ е „добра вест за човештвото“.

264

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел денеска изјави дека се надева дека наскоро во Европскат унија ќе се користи руската вакцина „Спутник V“.

За време на неговата посета на Москва, Борел рече дека „Спутник V“ е „добра вест за човештвото“.






За потсетување вакцината беше одобрена од руската влада уште во август, а многу земји изразија интерес да ја купат.

Европската унија потпиша шест договори за повеќе од две милијарди вакцини од различни производители, од кои само три се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), но и доставата се одложува.

– Сега се надевам дека ЕМА ќе може да ја потврди ефикасноста на руската вакцина за да може да се користи во земјите на Европската унија. Тоа би било добра вест, бидејќи се соочуваме со недостиг на вакцини – рече Борел.

ЕМА сè уште нема добиено барање за овластување на вакцината „Спутник V“, додаваат од „АП“.

Поврзани содржини