Борел: Ќе преземеме мерки на реципроцитет против Венецуела

Го осудуваме и отфрламе протерувањето на нашиот амбасадор од Каракас - истакна Борел.

296

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави денеска дека одлуката на Венецуела да го протера амбасадорот на ЕУ во Каракас ќе има дипломатски последици, а Унијата ќе преземе „вообичаени неопходни мерки на реципроцитет“.

– Го осудуваме и отфрламе протерувањето на нашиот амбасадор од Каракас – истакна Борел.






Претседателот на Венецуела Николас Мадуро му наложи на амбасадорот на ЕУ во Каракас, Изабел Брилјанте Педрос да ја напушти земјата во рок од 72 часа, а се одлучил на таков потег откако ЕУ воведе санкции за група официјални претставници на Венецуела бидејќи делувале против Конгресот, предводен од опозицијата.

Поврзани содржини