БОРЕЦ СУМ, ОВА МЕ МОТИВИРАШЕ ПАК ДА СЕ КАНДИДИРАМ Русковска објасни зошто ќе бара нов мандат во ОЈО ГОКК

По природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам, истакна Русковска во гостување на Телма.

237

Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, порача обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Таа во повеќе наврати во изминатиот период изјавуваше дека нема намера да аплицира за истото работно место од кое е времено оддалечена по пријавата на екс-директорот на Управата на финансиска полиција, Арафат Муареми.

– Во повеќе наврати изјавив дека немам намера да се кандидирам за истото работно место и мојата кандидатура за заменик републички обвинител го покажува токму тоа. Но, по природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам – истакна Русковска.






Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК додаде дека со повторната кандидатура да биде на чело на институцијата сака да се избори во иднина на ниту еден колега да не му се случи она што ѝ се случи на неа.

Русковска изјави и дека пред две недели дознала дека се формирала комисија во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и дека ѝ ги празнеле фиоките од бирото.

– Колегата Трајче Пеливанов, кој беше назначен од Советот на јавни обвинители да раководи со Обвинителството додека трае моето времено оддалечување, ми се јави и ме повика да одам да извршиме примопредавање на предметите. Му реков дека нема зошто да одам, му кажав каде е едниот предмет, каде е другиот предмет и да ги земе и да ги распредели по обвинители. Пред две недели разбрав дека формирале комисија и дека ми ги празнеле фиоките од бирото – изјави Русковска вечерва на Топ Тема.

Поврзани содржини