Борците навредени, бараат од Заев да се огради од ставовите

Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови, се вели во соопштението од Сојузот на борци од НОАВМ.

438

Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум, наведено е во соопштението што го испрати Сојузот на борци од НОАВМ.

„Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна. Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини