БОРЧЕ МАРКОВСКИ Е ПУШТЕН ОД ПРИТВОР СО ГАРАНЦИЈА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА Заложил куќа, 3 стана, 25 булдожери и камиони

Во јануари годинава битолското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на Марковски компани Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски.

1

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, објави Телма.

Како што неофицијално објави телевизијата, гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот, и тоа куќа со двор во Битола и 3 стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот понудил возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“.






Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот, а пасошот да му е привремено одземен.

Од обвинителството за Телма ја потврдиле информацијата и рекле дека дале приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот суд, бидејќи сметале дека Апелација треба да одлучува.

Во јануари годинава битолското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на Марковски компани Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски.

1,2 МИЛИОНИ ЕВРА, 3 ЗЛАТНИ МОНЕТИ, 1 ЗЛАТНА ПЛОЧКА МУ НАШЛЕ ВО СЕФ ВО БЕЛГРАД Првообвинетиот за злоупотреба на тендер објавен од РЕК Битола ги префрлал парите во Србија и во други земји

Поврзани содржини