Борче куртули од длабоката шахта спроти Континентал, живот му подари ветеринарот Виктор Груев ФОТО+ВИДЕО

Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња.

1,140

На повик од МВР за асистенција при загрозување на безбедноста и прекин на телекомуникациската мрежа на ПС Гази Баба, дежурната екипа на ЈП Лајка во текот на денешниот ден имаше спасувачка акција.

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев спаси куче паднато во шахта во централното зеленило спроти хотел Континентал.






– Се работеше за насилно отворена шахта со длабочина од 2,5 метри во која се наоѓаше беспомошното куче, видно исплашено и дехидрирано. Тоа беше замотано во кабли од кои внимателно е извадено и безбедно е сместено во транспортер – соопштија од „Лајка“.

По прегледот во ветеринарната служба на ЈП Лајка и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија.

Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња.

Поврзани содржини