Нашиот успех се мери со степенот на подобрување на животот на жените, порача денеска претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во Кавадарци, по одржувањето на марш, по повод меѓународниот ден на жената, 8 Март под мотото „Борбата продолжува“.
– Успеавме да го зголемиме значително бројот на жени на одлучувачки позиции на централно и локално ниво. Денес зборуваме за 50/50 учество на жената во политиката. Отворивме и решивме бројни прашања кои беа табу тема во општеството. Гласно проговоривме за насилството врз жените, ја унапредивме состојбата со репродуктивното здравје на жената, се изборивме самостојно жената да одлучува за своето тело, да станува економски се понезависна и да стане активен чинител во креирање на прогресивните политики во земјата. Така од седум жени пред 25 години, денес имаме 51 жена во парламентот – рече Тренчевска.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека инвестирањето во родовата еднаквост, во жените, носи само добро за државата, носи побрз развој, носи прогрес, носи подобро општество за сите, зајакнувањето на жените и општествениот и економски раст на државите се тесно поврзани.
– Во мојот мандат како премиер, министрите од СДСМ беа 50 отсто жени, а имавме висока застапеност на жени на раководни позиции, на што сум исклучително горд. Мојот кабинет беше 90 проценти составен од жени. Тоа што имав успех во мојот прв мандат, можам без ниедна задршка да кажам дека се должи и на тоа што жени имаа клучни улоги, на клучни позиции, во клучни моменти. Затоа, во вториот мандат, планирам да го задржам истиот принцип и да направам и уште повеќе, затоа што сакам што побрзо да дојде денот кога ќе ја имаме првата премиерка или првата претседателка на државата од нашите редови, денот кога жените ќе бидат еднакво застапени секаде, денот кога девојките и жените ќе се безбедни и слободни да бидат тоа што се и да придонесуваат подеднакво за подобар живот за сите – нагласи Ковачевски.
Тој истакна дека СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа