Борба за превласт на синдикатите: Ралповски тврди дека синдикатот на Димовски не е репрезентативен
Од Конфедерацијата сметаат дека треба да добијат репрезентативност бидејќи имаат најголем број членови.
Конфедерацијата на слободни синдикати тврди дека е направен фалсификат со утврдување на репрезентативноста на синдикатите и и ја повика министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска до го разреши случајот.
Од Конфедерацијата сметаат дека треба да добијат репрезентативност бидејќи имаат најголем број членови.
Претседателот на Конфедерацијата Благоја Ралповски на денеска презентираше и документи кои, како што тврди, се докажува дека Сојузот на синдикатите не е репрезентативен синдикат.
Тој рече дека еден од синдикатите на ССМ е исклучен со судска пресуда, а за уште четири други е донесена одлука да бидат исклучени.
– Овие синдикати се исклучени во 2017 година, тогашниот министер за труд и социјална политика на 1 јуни 2017 година достави решение број 08-8191/10 од 29 декември 2016 година до Централниот регистар каде што бара да се запишат синдикатите во ССМ. Од кои причини не постапил Централниот регистар ние не знаеме. Но според Законот за едношалтерски систем, член 5 должен е да постапи – рече Ралповски.
Тој побара решението за репрезентативност на ССМ да се повлече и да се донесе ново решение со кое му се дава репрезентативност на КСС.