БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА Е АКО ВИСОК ФУНКЦИОНЕР ОДИ ВО ЗАТВОР Јовановиќ песимист, инфлацијата ќе продолжи

851

Ова што сега се предлага како даночна реформа воопшто не е даночна реформа оти сè останува исто. Јас и пред да влезам во Министерството за финансии зборував за даночни реформи и за прогресивен данок со кој богатите требаше да плаќаат повеќе данок од сиромашните, вели поранешниот владин советник Бранимир Јовановиќ oд Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

– Ние во Македонија имаме обратна ситуација – сиромашните плаќаат сразмерно повеќе – додаде Јовановиќ во денешното „Студио 10“ на ТВ24






Во однос на инфлацијата, Јовановиќ вели дека таа ќе продолжи и дека во голем дел се должи на алчноста на некои компании кои неосновано ги покачија цените.

– Корупцијата доаѓа од врвот, а не од чиновниците. Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор поради корупција, нема да има вистинска борба против корупцијата – вели Јовановиќ.

Поврзани содржини