Борба против коронавирусот: Прв ресторан во кој сметката не ја плаќате кај келнерот

704

Вистинскиот келнер ќе го видите само кога тој ја носи храната, а сметките ги плаќате преку апликацијата.

„Палафружељ“ – Ресторан во Шпанија донесе одлука за нова мерка за борба против коронавирусот со воведување апликација на виртуелен келнер со цел да се намалат контактите и ризикот од заразата.






Посетителите на пицеријата „Фанки пица“ во Палафружељ на Коста Брава, популарна туристичка дестинација, можат да го проучуваат менито, да нарачуваат храна и да плаќаат со апликацијата за мобилен телефон „Funky Pay“, што е првпат таквата апликација да се интегрира во системо на нарачување на ресторанска храна во Шпанија.

Келнерот сепак ја носи нарачката на масата.

– Со овој систем, ние се обидуваме да одржиме физичка дистанца од посетителите, а тоа е она што луѓето го сакаат во епидемијатa на ковид-19 – вели сопственикот на ресторанот Карлос Маник.

– Апликацијата е лесна за употреба… и можете да ја следите вашата нарачка и да видите кога ќе пристигне – вели гостинката на ресторанот Клаудија Медина.

Но, некои гости не се согласуваат, пренесува SEEbiz.

– Мислам дека сме во загуба затоа што не можеме да го прашаме келнерот, на пример, за количината или другите преференци – вели Хавиер Комас.

 

FOTO: REUTERS/Nacho Doce

Поврзани содржини