БОРАЦ ДОБИ ЏЕК-ПОТ ВО ПОДГОРИЦА Македонскиот првак МЗТ Скопје се враќа во АБА2-лига!

Борац ќе игра во баражот за опстанок во АБА, додека МЗТ директно испадна од елитното друштво.

335

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје испадна од регионалната АБА-лига затоа што екипата на Борац направи сензација и победи на гости кај Будуќност (85-87) во рамки на последната рунда од регионалното натпреварување.

Црногорскиот првак важеше за огромен фаворит против тимот од Чачак, но потфрли. Имаше и напад за победа кој го промаши Бел-Хајнс, а по дефанзивен скок на Гагиќ, следеа слободни фрлања за чачанци по кои следеше и спасот…






Кај Борац, Хале беше прво име со 25 поени, пред Лешиќ со 12 поени, додека кај Будуќност, Бел-Хајнс даде 19, а Болдвин реализира 16 поени.

Борац ќе игра во баражот за опстанок во АБА, додека МЗТ директно испадна од елитното друштво.

Поврзани содржини