Бора Чорба: Добар сум и спремен како пушка, Скопје чекај ме! (ВИДЕО)

Српски Блиц објави дека Бора Ѓорѓевиќ вчера бил однесен со амбулантно возило во Белградскиот ургентен центар во доцните вечерни часови.

1,282

Бора Чорба со видео порака ги увери фановите дека е добар и дека ќе дојде во Скопје да одржи концерт откако медиумите пишуваа дека вчера итно бил однесен во болница во Белград, Србија.

Луѓе, стои на тарабата пишува … па се залетуваш и се кршиш. Секако дека сè е во ред, ние сме како ловџиски пушки и едвај чекаме да дојдеме кај вас и да свириме. Подготвени сме, вежбавме, звучиме одлично, се гледаме, Бора ве сака – порача Бора.






Српски Блиц објави дека Бора Ѓорѓевиќ вчера бил однесен со амбулантно возило во Белградскиот ургентен центар во доцните вечерни часови, придружуван од менаџерот Бане Обрадовиќ, бил примен во собата за итни случаи и по неколку часа бил пуштен од болницата.

Според Блиц, Ѓорѓевиќ бил примен поради уролошки проблеми.

Поврзани содржини