БОPИС БЕКЕР СТАНА ТАТКО НА 58 ГОДИНИ Првата фотографија со новородената ќерка ја разнежни јавноста

Поранешниот тениски ас и сопругата Лилијан го поздравија раѓањето на Зои Виторија, пресреќни го споделија првиот семеен момент.

0

Поранешниот светски тениски шампион Борис Бекер повторно стана татко, овојпат на 58-годишна возраст. Тенискиот ас и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро ја добија својата ќерка Зои Виторија Бекер.

На фотографијата што ја објави семејството, се гледаат испреплетените раце на Бекер, неговата сопруга и малечката Зои, момент кој веднаш предизвика големо внимание на социјалните мрежи.






Бекер го сподели датумот на раѓање и го откри името на девојчето, а обожавателите од целиот свет му упатија честитки со желби за здравје и среќа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)

Поврзани содржини