БОНУС ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ЗА 5.635 ВРАБОТЕНИ ВО МВР Лани имале повеќе од 150 часа прекувремена работа

496

Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот профил на Фејсбук.

„Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година“, напиша министерот Тошковски.

Поврзани содржини