БОНО ВОКС ОТКРИ СЕМЕЈНА ТАЈНА Има полубрат за кого со децении не знаел дека постои

Пејачот рекол дека дознал за својот полубрат во 2000 година, додавајќи дека се „помирил“ со тоа.

234

Боно Вокс, пејачот на ирската рок група „U2“, откри дека има полубрат во радио емисија, пишува Би-би-си во неделата.

„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, за кој не знаев дека го имам“, рекол Боно во емисијата „Desert Island Discs“ на радиостаницата „BBC Radio 4“.






Пејачот рекол дека дознал за својот полубрат во 2000 година, додавајќи дека се „помирил“ со тоа.

„Реков: „Па како тогаш можело да се случи тоа?“, а татко ми ми одговори: „Можеше“.

Не се извини, само констатираше. „И јас се помирив со тоа“, заклучил Боно.

FOTO: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Поврзани содржини