БОНИ И КЛАЈД ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР Бабата краде, а дедото чува стража (ВИДЕО)
„Толку опуштено, толку професионално“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
На социјалната мрежа Инстаграм се појави ново видео. Кога луѓето ќе го слушнат зборот кражба, најпрво помислуваат на кражба на некои вредни предмети како: накит, пари, скапа облека…
Сепак, имавме можност да слушнеме за необична кражба на намирници која се случи токму денеска.
И сега сме сведоци на кражба на растение од трговски центар во главниот град на Чиле, Сантијаго.
Уште еден неверојатен податок е дека кражбата се случила веднаш до ескалаторот, каде што имало многу минувачи.
Тие го извлекоа растението како вистински професионалци.
А ова се дел од коментарите на корисниците кои го погледнаа ова видео:
– „Легенди“
– „Ова е кражба на векот“
– „Толку опуштено, толку професионално“
– „Ајде да видиме како ќе трчаат кога ќе дојде полиција“
– „Дневната соба ќе изгледа убаво“