Бонева: Дали обвинителството има отворено постапки против пратеници од власта?

1,026

Политичкиот прогон преку неосновано обвинение засновано на лаги и шпекулации продолжува. Очигледно е дека Обвинителството воопшто не ги зело предвид вештачењето и доказите што ги доставив, со кои се побива нивното обвинение. Ова е реакцијата на Фејсбук, на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева откако скопското Обвинителство покрена обвинение против неа за случајот „Друмарина“, што го отвори СЈО.

– Борбата за вистината и правдата ќе ја водам до крај, ако треба и надвор од македонските институции, со цел оваа тортура и валкање на моите чест и углед да престанат. Уште од самиот почеток на овој театар наречен СЈО кажав дека ова е политички реваншизам и обид за јавно линчување на дел од поранешното раководство на ВМРО, со цел дискредитирање на партијата и раздор во единството и сплотеноста на членството, до нејзино комплетно разнебитување – пишува Бонева.






Таа прашува дали ако ако имало било каков криминал од нејзина страна дека таа досега  немаше  да бидам осудена.

– Спротивно на законот 2.5 години ја влечеа истражната постапка и не успеаја да најдат апсолутно ништо незаконско и сега и покрај истекувањето на законскиот рок за поведување на постапка, тие продолжуваат! Во деновите што следат, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ќе поднесам барање до обвинителството за тоа дали по допрен глас, пишување на медиуми или кривични пријави, имаат отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение, во која фаза се наоѓат тие и дали имаат поднесено обвинение против некој друг пратеник – вели Бонева во објавата на Фејсбук.

Политичкиот прогон преку неосновано обвинение засновано на лаги и шпекулации продолжува! Очигледно е дека…

Silvana Boneva 发布于 2020年9月4日周五

Поврзани содржини