БОМБИ И МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО КУЌА ВО ИДРИЗОВО Обвинителството поведе истрага и побара притвор

Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел М.75 , како и педесет куршуми калибар 7,65 милиметри, соопшти Јавното обвинителство.

92

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел М.75 , како и педесет куршуми калибар 7,65 милиметри, наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја“, соопшти Обвинителството.






Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да избега ли да го повтори делото.

Поврзани содржини