БОМБАШКИ НАПАД Се нижат жртвите во Кабул, меѓу повредените има Американци
Американски државјани се меѓу повредените во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.
Најмалку шест лица загинаа во напад пред аеродромот во Кабул, соопшти невладината организација „Итна помош“ на Твитер.
Според невладината организација, која раководи со болница таму, досега се примени 60 повредени лица.
Американски државјани се меѓу повредените во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.
Тој ја нарече експлозијата што се случи на една од портите на аеродромот како „комплексен напад“.
Кирби не даде никакви информации за бројот на загинати или повредени лица.
Тој потврди дека се случила уште една експлозија во хотел во близина.
Невладината организација „Итна помош“ претходно на Твитер соопшти дека во нападот загинале најмалку шест лица.
Според невладината организација, која раководи со болница таму, досега се примени 60 повредени лица.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад“ во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.
„Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо“, напиша Столтенберг на Твитер.