„БОМБАШИТЕ“ СО 14 НОВИ ЗАКАНИ ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА Во тек се евакуации и проверки од страна на полицијата

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, изјавија од МВР за Плусинфо.

220

Дојави за бомби утринава пристигнале на електронските адреси на 14 училишта во главниот град, информира Министерството за внатрешни рабтои.

– Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – изјавија од МВР за Плусинфо.






Во текот на вчерашниот ден имаше дури 86 заканувачки пораки за институции и училишта во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. Се испостави дека сите вчерашни дојави биле лажни по деталните проверки на МВР.

Поврзани содржини