„БОМБА“ ОД ШПАНИЈА Барселона ќе го ангажира напаѓачот на Интер

Барселона бара засилување во нападот, каде што во моментов тренерот Чави на располагање ги има само Депај и Лук Де Јонг.

1,044

Напаѓачот на италијанскиот шампион Интер, Алексис Санчез, најверојатно ќе го напушти миланскиот клуб и уште во јануари ќе се пресели во редовите на Барселона, објави реномираниот каталонски „Спорт“.

Барселона бара засилување во нападот, каде што во моментов тренерот Чави на располагање ги има само Депај и Лук Де Јонг.






Како што пишуваат шпанските медиуми, претседателот на Барселона, Лапорта, е во завршни преговори со Интер за позајмица на Санчез од крајот на сезоната.

Чилеанецот не добива голема минутажа во италијанскиот шампион со оглед на тоа што Симоне Инзаги во нападот ги има Един Џеко, Лаутаро Мартинез и Хоакин Кореа. Од друга страна, пак, Санчез во Интер зема висока плата, па клубот сака да се ослободи од неговите услуги.

Чави одлично го познава Чилеанецот, бидејќи заедно играа во Барселона.

Поврзани содржини