„Бомба“ на која, според медиумите што ја објавуваат, Шеќеринска и Јанева се на гости кај Боки?!

9,722

На Јутјуб е објавена видео снимка со наслов „Боки 13 со другарките“, на која, според медиумите што ја пренесуваат, се гледа како Радмила Шекеринска и Катица Јанева биле на гости во домот на Бојан Јовановски.

Јовановски и Јанева се првостепено осудени во процесот за аферата „Рекет“. Медиумите што ја објавуваат снимката потсетуваат дека високи функционери на СДСМ своевремено тврдеа дека не го познаваат лично Боки 13-ка, кој по првостепената пресуда поднесе триесеттина кривични пријави, меѓу кои имало и пријави против функционери за кои тврди дека се дел од рекетирањето.






Не е јасно од каде потекнува кратката видео снимка.

Поврзани содржини