Болт на оригинален начин покажа како одржува социјална дистанца

282

Усеин Болт, еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, одлучи во екот на пандемијата на коронавирусот барем малку да ги развесели следбениците на социјалните мрежи.

Тој на својот твитер објави фотографија од финалето на трката на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година на 100 метри, кога уверливо го собори светскиот рекорд, алудирајќи дека треба да се држи растојание меѓу луѓето, односно социјална дистанца.






Поврзани содржини