БОЛСОНАРО СО МЕСЕЦИ ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВРЗ МЕНЕ, ВЕЛИ ЛУЛА Бразилскиот лидер му одговори Трамп за наводниот лов на вештерки

Бразилскиот претседател претходно во колумна во „Њујорк Тајмс“ изјави дека е горд на Врховниот суд на Бразил за, како што напиша, историската одлука за пресуда за 27 години затвор за неговиот претходник Жаир Болсонаро.

143

„Месеци истраги открија планови за атентат врз мене, потпретседателот и судиите на Врховниот суд“.

Вака напиша актуелниот бразилски претседател Лула Да Силва реагирајќи на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп кој претходно изјави дека судскиот процес против претходникот на Да Силва, Жаир Болсонар бил „лов на вештерки“.






70-годишниот Болсонаро беше осуден оваа недела за заговор за државен удар со цел да се спречи Лула да ја преземе функцијата, и покрај тоа што го победија на изборите во 2022 година.

Да Силва претходно во колумна во „Њујорк Тајмс“ изјави дека е „горд на Врховниот суд на Бразил за оваа историска одлука“.

Да Силва е во дипломатска криза со САД уште од судењето на Болсонаро, десничарски лидер и близок сојузник на Трамп.

Трамп го казни Бразил со царини од 50 проценти на бразилските стоки, а неколку судии на Врховниот суд на Бразил се под санкции на САД поради судењето на Болсонаро.

Американскиот претседател во разни прилики ја коментираше ситуацијата со Болсонаро уште во времето додека траеше судскиот процес. Трамп еднаш напиша дека судењето на Болсонаро „навистина го потсетило на она што се обидоа“ да му го направат нему во САД, мислејќи на долгите судски процеси за упадот во Капитол на кои некои гледаа како политички притисок пред изборите во 2024 година.

 

 

Поврзани содржини