БОЛСОНАРО ОБВИНЕТ ЗА ГОРЕЊЕТО НА АМАЗОНСКИТЕ ШУМИ Ќе одговара за „злосторство против човештвото“

За што се товари овој човек? Дека е одговорен за емисиите на јаглерод-диоксид во Амазонија, кои ги надминуваат заедничките емисии на Шпанија и Италија заедно и дека тоа го направил со помош на кампањи заедно со својата администрација. Штетата во Амазонија е толку голема што, „белите дробови на светот“, како што ја нарекуваат тропската шума, веќе не може да го апсорбира јаглерод-диоксидот кој го оддава.

1,290

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е обвинет дека е крив за горењето на околу 4.000 квадратни километри Амазонска шума секоја година, што претставува „злосторство против човештвото“, а предметот ќе се суди во Хашкиот трибунал, јавува МИА. Истовремено, граѓаните на Бразил го сметаат за одговорен за над 600.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот заради неговото одбивање да спроведе вакцинација и мерки.

Сите очи на меѓународната јавност во моментов се вперени во Болсонаро. Освен тужбата на австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс во Хаг, против бразилскиот претседател има најмалку три други жалби од локални групи во Меѓународниот кривичен суд од 2016 година. Судот дури се обидува да го поврзе уништувањето на шумите со загубата на човечки животи кои се случија во Бразил.






За што се товари овој човек? Дека е одговорен за емисиите на јаглерод-диоксид во Амазонија, кои ги надминуваат заедничките емисии на Шпанија и Италија заедно и дека тоа го направил со помош на кампањи заедно со својата администрација. Штетата во Амазонија е толку голема што, „белите дробови на светот“, како што ја нарекуваат тропската шума, веќе не може да го апсорбира јаглерод-диоксидот кој го оддава. Со еден збор, нарушен е биоритамот.

EPA-EFE/Joedson Alves

А потоа, дојде пандемијата. Бразилскиот претседател со месеци ги отфрлаше повиците за воведување ограничувања, како што е карантинот, за да се спречи ширењето на вирусот. Јавните здравствени власти ја критикуваа неговата влада дека не успеала брзо да обезбеди вакцини против ковид-19.

Кога беше запрашан за бројот на смртни случаи тој беше опкружен со свои поддржувачи на една плажа во Сао Паоло.

– Во која земја не умреа? Кажете ми – одговори тој.

Следеа уште ригорозни прашања од новинарите.

– Слушајте, не дојдов тука за да ми додевате – им возврати.

Со месеци наназад илјадници Бразилци излегуваат на улиците барајќи оставка и смена на Болсонаро заради пандемијата и обвинувањата за корупција, но тој остана пркосен и продолжи да ги одбива мерките. Анкетите покажуваат дека поради слабиот одговор на пандемијата поддршката за Болсонаро континуирано опаѓа.

Адвокатот Најџел Повоас, кој ги гонеше некои од најозлогласените меѓународни криминалци, рече дека жалбата е поднесена против неколку лица во администрацијата на Болсонаро.

– Се фокусираме на највисоките одговорни актери – рече Повоас и обвинувањата за корупција, но тој остана пркосен и продолжи да ги одбива мерките.

Поврзани содржини