Болсонаро го бара израелскиот „лек-чудо“ против ковид-19

Барањето за анализа на овој лек за итна употреба ќе биде испратено наскоро до (федералниот здравствен регулатор) Анвиса - напиша Болсонаро.

380

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека неговата Влада ќе побара дозвола за итна употреба на спреј за нос против ковид-19, развиен во Израел, што премиерот Бенјамин Нетанјаху го опиша како „лек – чудо“.

– EXO-CD24 е спреј за нос развиен од медицинскиот центар „Ичилов“ во Израел, со речиси 100-процентна ефикасност против Ковид-19 во сериозни случаи – напиша Болсонаро на Твитер, два дена по телефонскиот разговор со Нетанјаху, кој го нарече „добар пријател“.






– Барањето за анализа на овој лек за итна употреба ќе биде испратено наскоро до (федералниот здравствен регулатор) Анвиса – напиша Болсонаро.

Медицинскиот центар „Ичилов“ пред две недели објави дека еден од неговите истражувачи извршил фаза 1 – обично прва од трите фази на клинички испитувања – на спреј за нос развиен против респираторни симптоми поврзани со ковид-19.

Истражувачот Надир Арбер рече дека испрскал 30 пациенти со умерени до тешки случаи на ковид-19 и дека 29 од нив биле пуштени од болница по три до пет дена.

Но, медицинскиот центар не соопшти дали е даден плацебо препарат на контролната група и сè уште не ги објавил своите откритија во научно списание.

Болсонаро ги поддржува и лековите против маларија „хлорокин“ и „хидроксихлорокин“ за борба против ковид-19.

Тој лично го зеде вториот лек кога беше позитивен на тестот минатиот јули, и покрај тоа што научниците откриле дека двата лека се неефикасни против новиот коронавирус.

Поврзани содржини