БОЛНИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ИМААТ ПРАВО НА НЕГА Маричиќ тврди дека осудениците се под контрола на системот кога одат на лекар

Сите тие лица кога имало потреба да се движат, тоа го прават под строго контролирани услови под надзор и со одобрение на Судот, рече министерот за правда.

264

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на Сител рече дека нема никаква основа барањето на ВМРО-ДПМНЕ тој да си поднесе оставка, оти, како што наведуваат од партијата на Христијан Мицкоски, осудени лица слободно шетаат низ државата.

Маричиќ рече дека никој од затворениците и притворениците не бил пуштен поради волја на кој било од власта.






– Памфлетите и соопштенијата со кои се бара моја оставка немаат никаква основа ни во реалноста ниту во политичките наводи. Сите луѓе кои ги спомнуваат во нивните соопштенија, се под контрола на системот. Сите имаат определен статус кој го определил судот на барање на Јавното обвинителство или по свое наоѓање. Сите тие лица кога имало потреба да се движат, тоа го прават под строго контролирани услови под надзор и со одобрение на Судот. Никој од нив не е пуштен по волја на кој било од власта – истакна Маричиќ.

Тој рече дека е сосема нормално во демократските држави лица кои имаат здравствени проблеми, а кои се на издржување казна затвор или притвор, да имаат право на лекарска нега.

За шпекулациите дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не е на издржување на затворската казна, Маричиќ рече оти неговите информации говорат дека таа е во затворот во Идризово.

Поврзани содржини