Болниците во Тирана полни, Драч и Скадар ги примија првите ковид пациенти

559

Регионалните болници во Драч и Скадар денеска ги примија првите ковид пациенти, со што почна вклучувањето и на регионалните болници во третирањето на болните од ковид-19.

Според Министертвото за здравство овој чекор се превзема откако во четирите ковид болници во Тирана, капацитетот од 550 легла е речиси целосно исполнет (547).






– Се наоѓаме во деликатен момент, бидејќи имаме зголемена инциденца на инфекцијата и секако фактот дека над 90 отсто од капацитетот на четирите ковид болници во Тирана се веќе пополнети. Тоа не натера да преминеме на првото сценарио за отворање на регионални болници, каде што денеска почнуваме со отворање на регионалните болници во Драч и во Скадар, а потоа ќе продолжиме со регионалната болница во Корча, Валона и Елбасан, во првото сценарио – рече Огерта Манастирлиу при посетата на болницата во Драч.

Додаде дека со ова сценарио бројот на болнички капацитети се зголемуваат за 630 легла и гарантираше дека здравствениот кадар е навреме обучен за лекување на ковид пациенти, а болниците располагаат со потребната апаратура.

Поврзани содржини