Болниците се полнат, нови мерки нема
Иако бројот на новозаразени со коронавирусот расте секој ден, како и бројот на хоспитализирани, Комисијата за заразни болести не согледува дека тоа е причина да се воведат построги мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Комисијата за заразни болести денеска не препорача нови рестриктивни мерки. Останува на сила полицискиот час кој трае од 22 до 05 часот изутрина, кој со последната одлука на Владата ќе трае до 6 април.
Иако бројот на новозаразени со коронавирусот расте секој ден, како и бројот на хоспитализирани, Комисијата за заразни болести не согледува дека тоа е причина да се воведат построги мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Следниот состанок на Комисијата на кој ќе се разгледува ситуацијата е закажан за идната недела, најверојатно во вторник.