БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОЛНАТ, НО НЕ СО КОВИД ПАЦИЕНТИ Предозирани случаи од лекот за животни
Лекар од болница во Оклакома вели дека случаи на предозирани со ивермектин лек извршиле дополнителен притисок на болничкиот систем, кој веќе е под голем притисок поради сè поголем број случаи со корона инфекции.
Иако американската Државна агенција за контрола на лекови не го ставила на листата на безбедни супстанции за лечење на ковид-19, во САД секој ден има сè повеќе случаи на предозирање со ивермектин.
Бројот на издадени рецепти за тој лек рипнал на повеќе од 88.000 неделно, сè е отидено толку далеку да некои фармацевти пријавуваат и недостиг на ивермектин.
Американски лекар од Оклахома на крајот на краиштата, апелирал јавноста да прекине да го зема лекот кој е пропишан за коњи.
– Поради овој лек, кој не е одобрен за употреба против ковид, на пациентите сè повеќе им е потребна итна помош во болниците во Оклахома – изјавил д-р Џејсон Мекели.
Мали дози на ивермектин се одобрени за употреба кај луѓето, но не и за ковид.
– Мора да имате рецепт за тој лек со причина. Тоа може да биде многу опасно – изјавил Мекели за Би-Би-Си.
Тој вели дека случаи на предозирани со тој лек извршиле дополнителен притисок на болничкиот систем, кои веќе е под голем притисок поради сè поголем број случаи со корона инфекции.
– Возилата на итната помош се толку преполни што на жртвите од престрелки им било тешко да дојдат до објектите во кои може да бидат згрижени – изјавил тој за локална телевизија.
Ивермектинот главно го препишуваат ветеринари, а во мали дози може да се користи за лекување на луѓе.
– Не сте коњ и не сте крава – соопшти ФДА, предупредувајќи дека земањето на големи дози е опасно и дека може да предизвика сериозни проблеми.
Целиот хаос почна откако влијателниот водител на подкастот Џо Роган изјавил дека зема ивермектин откако добил позитивен тест на ковид. Д-р. Мекели вели дека пациентите кои го зеле лекот во болница доаѓале со болки во мускулите, губење на видот и проблеми со метаболизмот.
– Некои луѓе кои зеле несоодветно количество на ивермектин се довеле себе си во поголем ризик од битка против ковид – вели тој.
– Мора да се прашате: Ако го земам тој лек, што ќе направам ако се случи нешто лошо? Што е вашиот следен чекор, кој е вашиот план Б? Ако земате лек кој сериозно може да влијае на вашето здравје, сторете го тоа под надзор на лекар.