БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ Ќе се одговори на сите сценарија, вели Филипче

Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран, вели министерот.

327

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи соопшти дека одржал координација утрово со директорите на Клиниките во Скопје, директорот на КБ Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле.

„Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран. Системот се организиран, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија – лекување на позитивни пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовниот програм за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот“, посочи министерот.






Тој нагласува дека во болниците веќе се чувствува притисок за хоспитализации и критични се неколку градови.

Поврзани содржини