Болниците и инфективните одделенија имаат на располагање 560 празни кревети за болни од ковид-19
Од Министерството велат дека 254 лица се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 343 пациенти се лекуваат во болниците.
Вкупно 599 граѓани заразени од коронавирусот се на лекување во инфективните одделенија во Скопје и болниците во земјата, информира Министерството за здравство.Моментално има околу 560 празни болнички кревети.
Од Министерството велат дека 254 лица се лекуваат на инфективните оддели во Скопје, а 343 пациенти се лекуваат во болниците.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти, а дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Вкупно 254 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, на интерните клиники имало 5 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 , на Кожната клиника се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти, на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти и на Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.