Болниците ќе ги обезбедуваат поранешни професионални војници

За ова денеска на прашање на МИА информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“.

272

Поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците.

За ова денеска на прашање на МИА информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“.






– Денека разагваравме дека директното обезбедување за редарската служба најверојатно ќе го реализираме со еден дел од поранешните професионални војници кои сеуште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка. Тие нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружени но ќе обезбедат ред и информации за граѓаните – соопшти Шекеринска.

Министерката информираше и дека дополнително на денешната седница на Главниот штаб се согласиле дека одреден број на санитетски возила со возачи од страна на Армијата да бидат отстапени за некои болници и на клиниките во Скопје.

– Согласно одлуката на претседателот, Армијата има различни и задачи, да обезбедуваа медицинска поддршка со медицински сили. ВБЦ отстапува еден дел од својот состав и персонал за земање брисови, за епидемиолишки анализи, во поддршка на други институции за транспорт – истакна Шекеринска.

Поврзани содржини