БОЛНИ ЗБОРОВИ НА СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ Тато многу ми недостасуваш, сега одмори се (ФОТО)

Кристијан се огласи по смртта на неговиот татко Аки. Тој објави фотографија од минатото додека како момче ужива во прегратката на татко му, а со своите зборови растажи многумина.

1,006

Пејачот Кристијан Рахимовски, синот на прерано починатиот пејач Аки Рахимовски, кој ненадејно нѐ напушти на 67-годишна возраст, е скршен од веста за заминувањето на голема музичка ѕвезда, пред сѐ, неговиот татко.

Аки му била неговата најголема поддршка во животот, а страшната вест ја дознал со тоа што му ја соопштила животната сопатничка на Аки, Барбара.






Кристијан се огласи по смртта на неговиот татко Аки. Тој објави фотографија од минатото додека како момче ужива во прегратката на татко му, а со своите зборови растажи многумина.

„Татко мој, си замина прерано. Многу прерано. Луѓето велат дека Господ така сакал… Ние бевме повеќе песна отколку збор, не знаеше друг начин, не можеше надвор од таа сцена во твојата глава, па ти приоѓав само со песна. Можевме многу уште заедно, тато мој. Боли неописливо“, напишал Кристијан.

„Утеха ми е дека ќе имам барем дел од тебе во моите песни, како и во оние што ми ги остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја сѐ за нас, а ништо не знаеја. Знаевме јас и ти… Недостасуваш тато, на сите ни недостасуваш. Татко мој сега одмори, па Рокај горе со екипата“, рекол тој.

 

Кристијан открил и што му кажал Аки неколку дена пред неговата смрт.

„Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки… И тој ви значеше затоа што беше одличен, како и Оли, недопирлив. Татко ми ми рече пред неколку дена: „Сине и јас те сакам, ајде бегај таму и да се видиме. Се гледаме тато еден ден… Здраво тато, те сакам тато… Се гледаме…“, заклучил во својата објава Кристијан.

Легендарниот пејач Аки Рахимовски почина во саботата на 67-годишна возраст. Му се слошило во утринските часови, а починал набрзо во болницата во Ново Место, Словенија, каде во последните години живееше со невенчаната партнерка Барбара со која доби ќерка.

Последното испраќање на легендарниот пејач ќе биде во Загреб.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини