БОЛНА ОПСЕСИЈА СО УБАВИНАТА Ким Кардашијан продава маски за обликување на лице
По градниците со вештачки пирсинзи, Ким Кардашијан пушти во продажба и маска за обликување на лице, како дел од нејзиниот бренд Skims.
Ким Кардашијан продава маска за обликување на лице како дел од нејзиниот бренд Skims. Со овој потег, таа докажа дека на жените ширум светот им се наметнуваат нереални стандарди за убавина.
Оваа маска за лицето, Seamless Sculpt Face Wrap, чини 48 долари, а нејзината намена е да ви ги вовлече образите и да ја обликува линијата на вашата вилица додека спиете. Се закопчува на врвот од главата и позади, на вратот.
View this post on Instagram
По објавата на маската на Инстаграм профилот на Skims, следеа бројни коментари на социјалните мрежи во врска со овој „изум“.
„Денес е 1 април?“, „Skims ги тера жените да се чувствуваат лошо во врска со себе од 2018 година“, „Мислев дека ова е шега. Не можам да верувам што се продава“, се само дел од коментарите.
За потсетување, Кардашијан во мај оваа година привлече внимание откако почна да продава градник со лажни пирсинзи по цена од околу 78 долари под гореспоменатиот бренд.
View this post on Instagram
Градникот е достапен во беж, кафеава и црна боја. Дамите изјавија дека се воодушевени и едвај чекаат да го носат ова лето. Во тоа време, многумина ја нарекуваа маркетиншки магионичар.