Болен од ковид со остар предмет и се заканувал на вработена, тепачка во социјалното во Куманово

Пријавен грабежот на лице починато од ковид-19 на Инфективна.

668

ЗАБОЛЕН ОД КОВИД СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ВРАБОТЕНА – На 30.11.2020 околу 23.50 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, околу 22.30 часот пациент со употреба на остар предмет упатил закани кон вработената А.М.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА ВО СОЦИЈАЛНО ВО КУМАНОВО – На 30.11.2020 во 11.05 часот вработена во Центар за социјални работи Куманово пријавила дека едно лице физички го нападнало В.Н.(40), вработен во Центарот. Во 11.30 часот, од страна на Б.Б.(57) од с.Романовце било пријавено дека околу 11.00 часот во простории на Центарот за социјални работи во Куманово бил физички нападнат од лице вработено во Центарот. По преземени мерки, обавен е разговор со Б.Б. и В.Н. и изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.






ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД КИЧЕВО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(20) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.12.2019 на ул.„11 Октомври“ во Кичево од полициски службеници при извршен преглед над С.М. биле пронајдени и одземени мешавина од марихуана и тутун.

СЕ ПОВРЕДИЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО – На 30.11.2020 во 09.18 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека М.Т.(19) од с.Инџиково, скопско, вработен во фирма на ул.„Перо Наков“, се повредил додека извршувал работни задачи.

МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Ј.Д.(23) од с.Ваташа, кавадаречко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 14.12.2019 околу 22.00 часот во Кавадарци, на место викано „Витачево“, полициски службеници извршиле контрола и преглед кај Ј.Д., при што биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

ОГРАБИЛ ЦРКВА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(20) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 30/31.08.2020 влегол во црквата ,,Св. Анастасија“ во с.Радиовце и одзел пари.

НА ИНФЕКТИВНА Е ОГРАБЕН ПОЧИНАТ ОД КОВИД – На 30.11.2020 во 09.30 часот во Полициска станица Центар, Г.К.(48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д.К.(72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало  пари, лични документи и предмети.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО УЧЕСТВУВАЛО ВО ВЕРИЖЕН СУДАР – На 30.11.2020 во 20.40 часот во Скопје на ул.„11 Октомври“, пред крстосница со бул.„Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ.С.(65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В.И.(49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М.Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини