БОЛЕН ДЕДО ОД КОВИД-19 ИЗБЕГАЛ ОД МОДУЛАРНАТА ВО ШТИП Од градскиот плоштад полицијата го вратила во болница

419

Вчера попладне 84-годишен пациент заразен со ковид 19 избегал од модуларната болница во Штип. Полицијата подоцна го пронашла болниот дедо и го вратила во болницата.

– На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84-годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош е вратено во болницата – велат од МВР.

Поврзани содржини