БОЛДВИН СЕ СРЕТНА СО СОПРУГОТ И СО СИНОТ НА УБИЕНАТА ХАЛИНА Момчето не проговорило два дена

На емотивните фотографии може да се види како Болдвин ги прегрнува Метју и неговиот син. На другите фотографии, тројцата се шетаат пред хотел во подрачјето каде што најверојатно е сместено семејството на трагично загинатата снимателка.

1,955

Алек Болдвин се сретна со сопругот и со синот на снимателката Халинa Хачинс, која почина на сетот на филмот „Рѓа“.

Во текот на викендот, Болдвин беше забележан во близина на хотелот во Ново Мексико со сопругот на Халина, Метју и деветгодишниот син на Хачинс.






На емотивните фотографии може да се види како Болдвин ги прегрнува Метју и неговиот син. На другите фотографии, тројцата се шетаат пред хотел во подрачјето каде што најверојатно е сместено семејството на трагично загинатата снимателка. Таткото на Халина Хачинс, Анатолиј Андросович, пред два дена се огласи во медиумите и рече дека не го обвинува Болдвин за смртта на својата ќерка, туку личноста одговорна за реквизитите на сетот.

Тој исто така рекол и дека на синот на Халина, Андрос, тешко му паднала смртта на мајка си. Андросович рекол дека деветгодишниот Андрос не можел да изговори ниту збор два дена откако му било кажано дека Алек Болдвин случајно ја убил мајка му со пиштол.

– Андрос беше неверојатно близок со својата мајка и замолча кога му јавија дека е мртва. Мет беше навистина загрижен бидејќи момчето се повлече во себе и два дена не можеше ниту збор да изговори. Оваа трагедија уништи прекрасно семејство – заклучил таткото на Халина.

 

Поврзани содржини