БОЛДВИН ГО ПРЕДАЛ МОБИЛНИОТ НА ИСТРАЖИТЕЛИТЕ Неговите адвокати велат таму нема докази за убиството

Во извештајот на Би-Би-Си се наведува дека истражителите планираат да ги проверат е-поштата, СМС и гласовните пораки поврзани со убиството што се случи на 21 октомври 2021 година, за време на снимањето.

277

Актерот Алек Болдвин им го предал мобилниот телефон на истражителите на убиството што се случи на крајот на октомври 2021 година на снимањето на филмот „Рѓа“ во Мексико.

Шефот на њујоршката полиција синоќа потврди дека актерот го донел мобилниот телефон во полициската станица во близина на неговата резиденција, пренесува Ројтерс.






Во извештајот на Би-Би-Си се наведува дека истражителите планираат да ги проверат е-поштата, СМС и гласовните пораки поврзани со убиството што се случи на 21 октомври 2021 година, за време на снимањето, кога директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена од прострелна рана, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

– Нема да најдат ништо на нивните мобилни телефони. Нема одговори на овој уред. Алек не направи ништо лошо – изјави неговиот адвокат Арон Даер.

Поврзани содржини