„БОЛАТ ОЧИТЕ“ ОД СКАПОЦЕНОСТИТЕ УКРАДЕНИ ВО ЛУВР Полицијата е во трка со времето пред да исчезнат засекогаш

Француската министерка за култура, Рашида Дати, изјави дека снимките од провалата покажуваат дека крадците не ги таргетирале луѓето, туку дека мирно влегле за четири минути, ги скршиле витрините, го зеле својот плен и си заминале. Таа изјави дека немало насилство и дека сè било направено многу професионално.

4,528

Канцеларијата на парискиот обвинител разгледува две главни работни теории во врска со грабежот на векот шро се случи утрово во музејот Лувр – дека украдениот накит можеби бил украден по нарачка или дека станува збор за обид за перење пари, изјави обвинителката на француската престолнина, Лаура Бако.

Француското Министерство за култура претходно објави дека од познатиот музеј се украдени осум парчиња накит, вклучувајќи тијари, обетки, ѓердани и брошеви што им припаѓале на француски кралици и царици.






„Организираниот криминал можел да има две цели – или грабежот бил извршен по нарачка или накитот бил украден за перење пари“, весникот Фигаро го цитираше обвинителот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва вети дека вредните предмети ќе бидат пронајдени и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Еден од најпознатите музеи во светот утрово беше принуден да ги затвори своите врати откако крадци провалија во галеријата во која се наоѓаат накитите на француската круна околу 9.30 часот по локално време.

Француското Министерство за култура објави дека се украдени следниве предмети:

Тијара од сетот на кралицата Мари-Амели и кралицата Хортенза
Ѓердан од сетот на сафири на кралицата Мари-Амели и кралицата Хортенза
Пар обетки од сетот на сафири на кралицата Мари-Амели и кралицата Хортенза
Смарагден ѓердан од сетот на царицата Мари Луиз
Пар смарагдни обетки од сетот на царицата Мари Луиз
Брош познат како „брош на реликвијар“
Тијарата на царицата Евгенија
Голем брош во облик на лак на царицата Евгенија

Францускиот весник „Ле Паризиен“ претходно објави дека предметот пронајден во близина на музејот всушност е круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон Трети, која е оштетена.

Француската министерка за култура, Рашида Дати, изјави дека снимките од провалата покажуваат дека крадците не ги таргетирале луѓето, туку дека мирно влегле за четири минути, ги скршиле витрините, го зеле својот плен и си заминале. Таа изјави дека немало насилство и дека сè било направено многу професионално.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, опиша „голем грабеж“ во кој крадците влегле во музејот користејќи лифт на платформа, монтиран на камион.

– Тие скршиле прозорец и се упатиле кон неколку витрини од каде што украле накит. Ова се накити кои имаат вистинска историска вредност и се навистина непроценливи – рече Нуњез.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сторителите избегале со два мотоцикли и дека нема повредени. Бројот на крадци сè уште не е потврден, но Нуњез изјави дека во музејот имало тројца или четворица крадци и дека бандата била добро подготвена, а исто така забележал дека го исекле стаклото со „секач за дискови“ пред да избегаат на макси-скутер „јамаха“.

Форензичките истраги сè уште се во тек.

Министерството за внатрешни работи исто така соопшти дека крадците откако влегле во музејот веднаш се упатиле кон Галерија д’Аполон, дом на некои од француските крунски скапоцености. Францускиот весник „Ле Паризиен“, повикувајќи се на полицијата, објави дека осомничените носеле качулки и мали моторни пили. Весникот исто така објави дека двајца од осомничените биле внатре, додека третиот останал надвор.

Експертот за уметност Артур Бренд изјави за „Скај њуз“ дека полицијата има само една недела да ги пронајде крадците.

– Овие крунски скапоцености се толку познати што едноставно не можат да се продадат. Единственото нешто што крадците можат да го направат е да го стопат среброто и златото, да ги расклопат дијамантите, да се обидат да ги исечат. На тој начин, веројатно ќе исчезнат засекогаш. Полицијата има една недела. Ако ги фатат крадците, предметите може сè уште постојат. Ако помине повеќе време, пленот веројатно ќе исчезне и ќе биде расклопен. Тоа е трка со времето – рече Бренд.

На веб-страницата на музејот Лувр се наведува дека Галеријата д’Аполон е огромна просторија на горниот кат од Малата галерија, во која се сместени француските крунски скапоцености, но и кралската колекција на декоративни садови, слики, таписерии и медалјони. Галеријата била реставрирана од Луј 14 по пожар, а во неа се сместени и три историски дијаманти: Регентот (еден од најпознатите дијаманти во светот), Санси и Хортензија. Исклучителен по големина, тежина и чистота, „Регент“ е дијамант од 140 карати кој е пронајден во Индија во 1698 година и бил најголемиот познат дијамант во тоа време.

🎥 ДОШЛЕ ДО ЛУВР СО СКУТЕРИ, ВЛЕГЛЕ СО КРАН И СО МОТОРНИ ПИЛИ, ОДНЕЛЕ НЕШТО МНОГУ ВРЕДНО Филмски грабеж во славниот музеј во Париз

Поврзани содржини