БОКСЕРСКИ КЛУБ ОД ШТИП СЕГА ИМА СЕРИОЗЕН СПОНЗОР Видеолотарија вложува во спортот

„Со ова спонзорство, ќе придонесеме во создавањето услови за тренинзи, натпревари и професионален раст и развој на младите членови на боксерскиот клубот, како и реновирање на салата за тренинг и опремата на клубот“, велат од Видеолотарија.

116

Видеолотарија Касинос Австрија потпиша договор за спонзорство на боксерскиот клуб Пинк Пантер Тим Штип.

Компанијата ги поддржа активностите на боксерски клуб Пинк Пантер Тим Штип. Познатиот боксерски работник и поранешен репрезентативец, Димитар Ташков, боксерска легенда, кој учествуваше како боксер и на европски и светски првенства, но и на меѓународни турнири, е тренерот на боксерскиот клуб Пинк Пантер Тим Штип. Тој ќе ги предводи при учеството во боксерската регионална лига.






Ташков на потпишувањето на договорот за спонзорство изрази изрази голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за препознавањето и поддршката на нивната спортска визија.

– Со ова спонзорство, ќе придонесеме во создавањето услови за тренинзи, натпревари и професионален раст и развој на младите членови на боксерскиот клубот, како и реновирање на салата за тренинг и опремата на клубот – велат од Видеолотарија.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија продолжува да ги негува заложбите за поддршка на спортот.

Поврзани содржини