Боки повторно во судница, почнува судењето за Меѓународен сојуз

393

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски – Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова Ефремова.






Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски – Боки 13 е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од сеудм години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Поврзани содржини