Боки 13 утре ќе седне пред обвинител со нови детали од Пандорината кутија

687

Бојан Јовановски, Боки 13 утре во Oбвинителствотo (ОЈО) повторно ќе дава исказ во врска со кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет„

Боки почна со поднесување кривични пријави на почетокот на јули, а досега, според неговиот бранител, поднесени се седум-осум. Адвокатот Сашо Дуковски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.






– Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30 лица и поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавувачот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните светски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува – изјави Сашо Дуковски, бранителот на Боки, дента кога тој ги поднесе пријавите.

Како што пишувавме претходно, бранителот Христина Блажевска во случајот „Меѓународен сојуз“ чие рочиште е закажано по изборите, како сведоци ги предложи и лидерот на СДСМ, неговата сопруга Зорица, неговиот брат Вице и неговиот татко Трајче.

Поврзани содржини