БОКИ 13 ТВРДИ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗРЕКЕТИРАНИ ДЕСЕТИНА МИЛИОНИ ЕВРА Јовановски ги нарече Заеви „група на семејни хиени“

Јовановски сведочи дека покојниот битолски бизнисмен Силјан Мицевски дал два и пол милиони евра во кеш зашто бил уценуван да не бидат објавени разговори кои би можеле да му наштатат на неговиот приватен и професионален живот.

1,569

Бојан Јовановски познат како Боки 13, во вториот дел од документарецот „Рекет“ зборува за тоа дека рекетот почнал со објавувањето на прислушкуваните разговори од страна на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

– Во Македонија се изрекетирани повеќе од десетина милиони евра. Рекетот во Македонија започна со првите фамозни прес конференции на Заев наречени „Вистината за Македонија“. Се борев против организирана банда која што тогаш владееше со државата со добро организирани странски разузнавачки служби – вели Јовановски.






Мајката на Боки во филмот зборува дека Фросина Ременски постојано ја контактирала за да се увери дека Јовановски нема да открие ништо лошо за неа.

Во филмот се објавени телефонски разговори во кои се зборува како Александар Кирацовски земал пари во плик во присуство на Јовановски.

Јовановски зборува и за Вице Заев, за кого вели дека исто така земал пари во кеш.

– Се случувало многу пати да се снаоѓаме за кеш пари за Вице Заев да биде задоволен. Група на семејни хиени е тоа. Замислете кога брат му на Зоран Заев мене ми вели оди сега ти кажи му на Зоки тоа и тоа, мене не ме слуша, мисли дека од сѐ земам пари – вели Јовановски.

Мајка му на Јовановски вели дека Боки бил омилена личност меѓу тогашните политичари и дека бил чест гостин на нивни забави, родендени.

Јовановски сведочи дека покојниот битолски бизнисмен Силјан Мицевски дал два и пол милиони евра во кеш зашто бил уценуван да не бидат објавени разговори кои би можеле да му наштатат на неговиот приватен и професионален живот.

Поврзани содржини