Боки 13 сведочи во „Рекет“: Кога ме притворија ме викаа педер, а и премиерот така ме нарече, Јанева немаше предрасуди
Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски денеска првпат дава одбрана во Кривичниот суд пред судијката Васка Николовска-Масевска и пред обвинителката Вилма Русковска која го покрена обвинението против него и Катица Јанева.
Јовановски воопшто нема дадено исказ во истрагата, бидејќи дента кога дојде во Обвинителството за организиран криминал, му се слоши и беше однесен во болница на преглед. Toj на почетокот зборуваше за неговиот однос со Јанева.
– Со Катица Јанева сум зборувал на многу теми, затоа што немала предрасуда за мојата сексуална ориентација. Кога ме притворија, велеа Боки педeр. Па потоа премиерот ме нарече педeр. Јанева беше жена која со мене оствари пријателска комуникација, базирана на професионален однос – рече Јовановски.