БОКИ 13. ПОВТОРНО ОПЕРИРАН, ОПЕРАЦИЈАТА ТРАЕЛА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ЧАСА! „Немам сила, но се опоравувам“, вели Јовановски
Направив операција на Државната клиника, а операцијата траеше меѓу три и четири часа, ми беа извадени липомите и сега сум во завои, што е нормално – изјави Боки за „Телеграф.рс“.
Бојан Јовановски, познат како Боки 13., поранешниот водител и шоумен, кој е на издржување затворска казна, повторно е опериран поради проблеми со желудникот. Операцијата била напорна и траела дури четири часа.
– Немам силa, но во ред сум, се опоравувам. Сега ми извадија два липома, резултат на операција, од двете страни на стомакот. Направив операција на Државната клиника, а операцијата траеше меѓу три и четири часа, ми беа извадени липомите и сега сум во завои, што е нормално – изјави Боки за „Телеграф.рс“.