Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, информира Основен кривичен суд Скопје.
– Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост – се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.