БОКИ 13 И НАТАМУ ВО БОЛНИЦА Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“, судбината на осуденикот неизвесна
Бојан Јовановски беше опериран во март во Градската болница во Скопје. Сега тој практично е без желудник. Конзилиум лекари смета дека човек во ваква здравствена состојба не смее да живее во затворски услови.
Апелациониот суд Скопје соопшти дека јавната расправа за кривичниот предмет „Меѓународен сојуз” е одложена поради неможност на обвинетиот Бојан Јовановски да присуствува на седницата по неодамна извршена хируршка интервенција.
Во соопштението се наведува дека Б.С. се уште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега.
Јавната седница ќе се одржи на 5 јуни.
Боки 13 беше опериран во март во Градската болница во Скопје. При тоа му беа отстранети ткива со претканцерогени состојби. Сега тој практично е без желудник.
Неговата здравствена состојба и натаму е сложена, бидејќи бара специјален режим на постоперативно опоравување.
Како што е познато, тој бараше да му се прекине издржувањето на затворската казна и да биде упатен на лекување во домашни услови веднаш по завршувањето на хируршката интервенција.
Конзилиум лекари смета дека човек во ваква здравствена состојба не смее да живее во затворски услови.